Озил стигна во Фенербахче: Од дете навивам за нив! 📸


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот германски репрезнетативец со турско потекло Месут Озил е нов фудбалер на Фенербахче, откако го раскина договорот со Арсенал, каде што не добиваше шанса на теренот.

Озил замина од Арсенал по осум години минати во Лондон, при што освои три трофеи во ФА-купот, а главен проблем за „топчиите“ беше платата на фудбалерот, која изнесуваше 350.000 фунти неделно.

По потврдата за трансферот Озил истакна дека е среќен и возбуден што потпишува за клубот за кој навивал.

„Возбуден сум од дете сум навивач на Фенербахче. Ова не е остварување на сонот за клубот, туку и за мене. Едвај го чекам првиот натпревар“, кажа Озил.