Озил заминува од Арсенал целосно бесплатно!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Германскиот интернационалец со турско потекло, Месут Озил речиси осум години игра за Арсенал и сега договори да го раскине договорот, а кариерата ќе ја продолжи во Фенербахче.

Озил имаше договор до следното лето, но не добива шанса кај тренерот Микел Артета, па поради тоа фудбалерот реши да си ја побара среќата на друго место.

Фудбалерот замина за Турција, каде што утре треба да потпише договор со Фенербахче. Тој пристигна претходно во Арсенал во 2013 година за 47 милиони евра од Реал Мадрид и за „топџиите“ одигра 184 натпревари во Премиер лигата, постигна 33 гола и запиша 58 асистенции.