Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот фудбалер Пабло Сарабиа ја напушти Севиља и кариерата ќе ја продолжи во дресот на ПСЖ.
Сарабиа во претходните сезони беше еден од најдобрите играчи на Севиља и со своите игри го сврте вниманието на европските великани. Но, на изненадување на сите на крајот потпиша за ПСЖ кој воопшто не спомнуваше дека е заинтересиран за услугите на овој играч.
Парижаните утрово на официјалниот Твитер профил потврдија дека Сарабиа е нов играч на овој клуб и дека со ПСЖ потпиша петгодишен договор.
Сарабиа ќе биде претставен во петок, а од овој 27годишен крилен напаѓач се очекува многу, Дуру некои сметаат дека тој би можел да биде замена за Нејмар кој се поврзува со Барселона.
Шпанскиот фудбалер е дел од школата на Реал Мадрид, но никогаш не настапи за првиот тим на Кралевите. Покрај Севиља во својата досегашна кариера играше уште и за Гетафе.