Пациенти: Навивачите на Манчестер јунајтед запреле погрешен автобус! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед и Ливерпул вечерва на „Олд Трафорд“ го играат големото дерби во 34. коло од англиската Премиерлига.

Овие две екипи требаше мечот да го одиграат пред 10 дена, но тогаш средбата беше одложена поради тоа што навивачите на „црвените ѓаволи“ во знак на протест упаднаа на стадионот и го одложија мечот.

Тие биле бесни затоа што сопствениците на Манчестер јунајтед се согласија да бидат дел од Суперлигата и побараа да го напуштат клубот.

Навивачите планираа и вечерва да го одложат мечот меѓу Јунајтед и Ливерпул, но овој пат направиле голем пропуст и наместо автобусот на гостите, тие запреле погрешен автобус, по што фудбалерите на Ливерпул стигнаа на „Олд Трафорд“.