Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Не е прашање кога, прашање е каде. Ова се опциите за Паоло Дибала.
Нема промени, Јувентус донесе одлука и таа е одложена за шест месеци, поради проблемите кои Дибала ги имаше со маркетинг правата.
Дибала ги одигра последните 15 милиони против Наполи, но е во втор план и клубот ќе проба да го продаде во јануари.
Останува мета на ПСЖ, ако сепак оди Нејмар. Тотенхем го понуди Ериксен во зима, но проблем е што на Данецот му истекува договорот на лето, а и тој веројатно ги договорил условите со Реал.
И Јунајтед не се откажува од Дибала, на кој му е јасно дека тешко ќе избори место во стартниот состав.
Игуаин е прв избор, а Сари во некои ситуации го користи и Роналдо на позицијата напаѓач. Јувентус би ги продал и Дибала и Манџукиќ, за да ги израмни сметките, но и да добие пари за својата прва голема мета, Енрико Киеса од Фиорентина.
Аргентинецот ќе биде на клупата и во Фиренца во сабота, а тешко дека ќе добие шанса и против Атлетико на стартот од Лигата на шампионите.
Очигледно е надвор од плановите, освен ако нешто неочекувано се случи.