Падна Судијата, утеха на Милан ќе му бидат огромните пари и тренер од соништата?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Нема да биде лесно, но доколку успеат да се пласираат во ЛШ, многу работи ќе се променат. Веројатно тренерот, но и тимот…

Во Милан и понатаму се лути на судењето на мечот против Јувентус, но сигурно нема да им биде утеха што судијата Фабри е суспендиран и нема да им суди до крајот на сезоната, бидејќи останаа без драгоцени бодови.

И понатаму се четврти, Аталанта има 54 бодови, Рома бод помалку, Лацио е следен ривал, Милан едноставно мора да ги добие „Орловите“ на Сан Сиро следната недела.

Но и доколку влезат во ЛШ, се спремаат промени. И понатаму медиумите инсистираат Елиот да вложи огромна сума за засилувања, доколку „Росонерите“ се вратат во ЛШ, но во клубот немаат поверение во Гатузо.

Наводно, Газдис бара нов стручњак и ќе проба да го убеди Покетино, со трансфер буџет од 300 милиони евра. Тоа би го одвело Милан на сосема друго ниво, сигурно би имале многу посилен тим.

Поради што американскиот инвестициски фонт би вложиле толку пари?

Имено, тие спремаат продажба на клубот на кралската фамилија од Катар, па сакаат клубот да достигне што поголема цена на пазарот и веруваат дека вложувањата ќе им се исплатат.

Но, колку е реално да пристигне Покетино?

Мали се шансите, иако тој не би имал нешто против, а меначерот на Тотенхем има договор уште четири сезони со клубот, па Газдис се соочува со скоро невозможна мисија.