Падна теоријата за Марадона: Откриени нови детали што се случувало во неговиот дом!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неодамнешната изјава на Матијас Морла, адвокатот и пријател на Диего Армандо Марадона за начинот на кој починал легендарниот фудбалер ги вознемири сите.

Адвокатот објави дека никој не го посетил Марадона дури 12 часа и Брзата помош стигнала половина час по повикот, па цела ситуација ја нарече „идиотска“.

Аргентински „Кларин“  открива нови детали по операцијата на Марадона. Според нив, наводно медицинскиот работник Рикардо го посетил Марадона во 10.30 наутро по наше време, а потоа ја предал смената на Жижели, која на Суд кажа дека Марадона уште бил жив.

Таа повтори дека е последна која го видела жив, а бил и неговиот внук во посета околу 23 часот. На тој начин падна тврдењето дека никој не го посетил 12 часа.

Медицинската сестра кажа дека потоа околу 11.30 часот, половина час пред да почине Марадона, во домот влегле психолог и психијатар, кои се обиделе да разговараат со Диего, кој не одговарал.

Таа почнала реанимација, а во извештајот пишува дека Брзата помош стигнал многу брзо и не им требале 30 минути. Се обиделе да го вратат во живот со инекции со адреналин, но не успеале.