Падна уште еден потпис на Паркот на Принцевите!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


После Криховјак, Светците денеска реализираа уште еден трансфер.

Л`Екип неодамна најави дека управата на Светците на новиот тренер Унаи Емери ќе купат два подароци за добредојде, Шпанецот ги доби  и двата во ист ден.

Веројатно веќе дознавте дека од Севиља стигна пуленот на Емери Гжегож Криховјак, а пред малку е претставен и Томас Меније, кој потпиша четиригодишен договор – до 2020 година.

Овој Белгиец остави многу добар впечаток на ЕП во Франција и тоа му обезбеди на себе влез во Пари Сен Жермен.

Меније стигнува на Паркот на Принцевите од шампионот на Белгија Бриж како природна замена за Грегори ван дер Вил, кој ќе ја продолжи кариерата во Фенербахче.

Висината на трансферот сеуште не е познат, пред неколку дена се споменуваше сума од 7 милиони евра.

За место во стартниот состав ќе се бори со репрезентативецот на БСК Серж Орие.