Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вечерва се одигра првото полуфинале во шпанскиот Суперкуп во кое славеше Реал Мадрид со 5-3 против Атлетико Мадрид по продолженија.
Првиот гол беше постигнат во седмата минута кога погоди Марио Хермосо, но потоа Антонио Рудигер и Ферланд Менди стрелаа за пресврт од 2-1. Сепак, Антоан Гризман погоди за 2-2 до крајот на првото полувреме.
Фантастичен фудбал имаше и во вториот дел, каде што најпрво Рудигер си постигна автогол за 2-3, а потоа Карвахал израмни на 3-3 и избори продолженија.
„Кралевите“ во продолженијата преку автоголот на Савиќ и погодокот на Диаз ги постави конечните 5-3.