Паје плачеше како мало дете откако го избркаа од Марсеј (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Димитри Паје падна во втор план кај тренерот Игор Тудор, по што се очекуваше враќање во екипата по тренерската смена, меѓутоа тоа не се случи.

Доаѓањето на маселино Гарсија Торал беше нов удар за Паје, кој вчера со солзи во очите се збогува од францускиот тим.

„Имавме искрен разговор пред тренингот и Пабло Лонгорија зборуваше со мене. Не е лесно да се прифати вакво нешто, но мислам дека заслужуваат почит затоа што беа искрени. Не очекував вакво нешто, сакам да продолжам да играм фудбал. Зад мене е тешка сезона во која имав мала минутажа“, кажа Паје.