Панатинаикос во неволја: Фридет, Томас и Калатес на излезната врата од клубот?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Грчкиот кошаркарски гигант Панатинаикос може да се најде во голема неволја.

Грчкиот портал Спорт 24 пишува дека грчкиот стручњак Георгиос Воворас ќе го замени Рик Питино на клупата на Зелените.

Истиот извор известува дека во моментот има голем револт кај играчите во Панатинаикос, најверојатно предизвикан од кратење на платите, а како што пишува „Спорт 24“, скоро е сигурно дека Џимер Фридет и Дешаун Томас ќе го напуштат грчкиот шампион на крајот од оваа сезона. Патем, обајцата овие кошаркари имаат важечки договори до 2021. година.

Неодамна се појавија гласини дека првата sвезда на тимот, Ник Калатес, е незадоволен од понудата за нов договор, што е значително помалку од сегашниот, што му гарантира 2,2 милиони евра по сезона, а одличниот плејмејкер е отворен за преговори со други клубови.