Панчев: Си повторував во глава, само овој пенал да го дадам, па не мора повеќе да играм фудбал!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На 29 мај 1991 година Црвена Звезда заедно со македонските фудбалери Дарко Панчев и Илија Најдоски го освои Купот на Европските шампиони, откако на пенали го совлада Олимпик Марсеј со 5-3.

Српскиот шампион на патот до финалето ги совладаа Грасхоперс, Глазгов Ренџерс, Динамо Дрезден, Баерн Минхен, а македонскиот фудбалер постигна пет голови до самото финале, по што го постигна решавачкиот во пенал-рулетот во последниот меч од натпреварувањето.

„Секој пенал е тежок, но тој во Бари беше на друго ниво. Се движев кон голот и си повторував во главата. Немој да промашиш, немој сега, постигни гол, па после не мора повеќе да играш фудбал. Многу генерации чекаа на овој пехар“, биле зборовите кои си ги повторува Панчев.