Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поранешниот македонски фудбалер Горан Пандев го прослави својот 40. роденден во друштво на децата од академијата на Брера Струмица.
Пандев кажа дека е изненаден од пречекот и се надева дека организацијата ќе помогне за развивање на нови таленти.
„Чест ми е да го прославам роденденот меѓу многу деца. Навистина големо изненадување за мене. Ова е проект кој треба да развива млади таленти, се надевам на успех и титули. Овој проект е нов во Македонија и се надевам дека многу деца ќе дојдат во нашата академија“, кажа Пандев.