Пандев и Несторовски со порака до Николов: Добредојде во Италија!

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов денеска потпиша за Лече, откако си замина од Мол Фехервар, па со италијанскиот тим ќе се бори за пласман во Серија А.

Македонските фудбалери Горан Пандев и Илија Несторовски му посакаа добредојде преку социјалните мрежи на нивниот сонародник.