Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Еден од натпреварите во првото коло на Првата лига се игра меѓу Брера Струмица и Вардар, но најверните навивачи на скопскиот гигант, „Комити“ не смеат да гостуваат во Струмица.
Вардар најави мобилизација за навивачите во Струмица, но ФФМ забрани присуство на гостински навивачи и македонската легенда Горан Пандев им се извини на „Комити“.
„За жал, гостинските навивачи нема да можат да бидат присутни. Добивме од ФФМ допис дека не смееме да ги примиме Комити на трибините. Во мое име им се извинувам и во име на клубот. Направивме сè што беше во наша моќ, монтиравме и дополнителна трибина за таа намена“, кажа Пандев.
Фото: ФК Вардар