Пандев ќе биде гостин на Интер во дуелот со Манчестер сити (Видео)


Завршува сезоната: Негде се е познато, негде не се знае ништо! ↓↓↓


Поранешниот македонски фудбалер Горан Пандев се запиша во историјата на Интер со неговите настапи и секогаш ќе биде еден од милениците на навивачите.

Пандев ќе биде специјален гостин на Интер на дербито против Манчестер сити во Лигата на шампиони (ЛШ).

Македонецот вчера се појави и на тренингот на „нераѕурите“ и се поздрави со дел од фудбалерите.