Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Горан Пандев е пред крајот на кариерата, а во интервју за „Скај Спорт“ откри дека во јануари преговарал со Интер.
Интер му понудил да се врати во Милано, а Пандев помислил дека тие се шегуваат со него. Македонскиот фудбалер разговарал со Пјеро Аусилио и му понудил договор со времетраење од шест месеци.
„Ми се јави Аусилио, но јас му кажав да не се шегува со мене. Интер ми го промени животот, со нив освоив најмногу трофеи“, кажа Пандев.
Пандев за италијанскиот медиум откри и кога планира да ја заврши кариерата. Тој ќе остане во фудбалот уште една година затоа што сака да го оствари сонот и да настапи на Европското првенство со репрезентацијата на Македонија, по што ќе се повлече.