Пандев: Наполи во моментов го игра најдобриот фудбалер во Европа


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Поранешниот македонски репрезентативец Горан Пандев зборуваше за неговиот поранешен клуб Наполи, кој вчера славеше со убедливи 6-1 против Ајакс во третото коло од Лигата на шампиони.

Македонскиот фудбалер Елиф Елмас доби шанса од клупата во второто полувреме, па им помогна на своите колеги да стигнат до голема победа, која го импресионираше Пандев.

Пандев играше во минатото за Нпаоли и ја делеше соблекувалната со Едисон Кавани, Езекиел Лавеци и Марек Хамшик.

„Наполи во моментов го игра најдобриот фудбал во Европа. Не се сомневам во тоа. Наполи е силен и тоа го покажува постојано. Во Европа и во Лига на шампиони сите играат на врвно ниво, а Наполи покажа дека има квалитет во секој дел од теренот“, кажа Пандев.