Пандев постави нов рекорд во Серија А


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Горан Пандев вчера против Кротоне постави уште еден рекорд во Серија А. Тој го израмни рекордот за најмногу дуели во историјата, кои еден фудбалер ги почнал од клупата за резервни играчи.

Ова за него беше 154. дуел кој го почнува од клупата за резерви, па така се израмни со Серџо Пелисие и најверојатно во следните натпревари ќе стане рекордер.

Пандев во Серија А игра од 2003 година, а притоа настапуваше за тимовите на Анкона, Лацио, Интер, Наполи и Џенова.