Пандев во друштво на Роналдо, Ибрахимовиќ и Рамос меѓу најдобрите фудбалер над 34 години!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Горан Пандев се најде во изборот на „ГивМиСпорт“ за најдобри фудбалери над 34 години, во кој се наоѓаат уште и ѕвезди како Златан Ибрахимовиќ, Кристијано Роналдо и други.

Пандев игра фантастично и покрај тоа што е пред самиот крај на кариерата, па си го заслужи местото меѓу најдобрите во изборот на британски „ГивМиСпорт“.

На врвот на листата е Кристијано Роналдо, по што следат Златан Ибрахимовиќ и Серхио Рамос во топ-3. А на списокот ги има и имињата на Давид Силва, Фернандињо, Тиаго Силва, Един Џеко, Оливие Жиру…

Пандев е рангиран на 17. позиција поради неговите настапи за Џенова, но и поради тоа што помогна Македонија да избори пласман на Европското првенство.