Пандев во Парма ќе го носи истиот број со кој освои тројна титула со Интер 📸


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот фудбалер Горан Пандев вчера ги изненади сите откако ја напушти Џенова и направи трансфер во Парма, која се натпреварува во Серија Б, а денеска го одработи првиот тренинг и го избра бројот на дресот кој ќе го носи до крајот на сезоната.

Пандев го избра дресот со број 27, а интересно е тоа што истиот број го носеше и во дресот на актуелниот италијански првак Интер, со кој успеа да ја освои тројната круна.