„Пандев за Македонија е како Јохан Кројф за Холандија!“


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Доскорешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев официјално ја заврши репрезентативната кариера со последниот настап на Европското првенство (ЕП) против Холандија.

Пандев доби специјален дрес од Холанѓаните пред почетокот на натпреварот, а по мечот пристигнаа многу честитки за успешната кариера, меѓу кои една пристигна и од Рафаел Ван дер Варт.

„Прекрасно беше скандирањето за Пандев. Тој за Македонија е како Јохан Кројф за Холандија“, кажа Ван дер Варт кој работеше како експерт за холандската телевизија „НОС“.

Македонија на ЕП запиша три порази, и тоа од Австрија, Украина и Холандија, но треба да се пофали играта на македонските фудбалери кои беа храбри на теренот против сите фаворити.