Паника меѓу навивачите на Сити: Марез случајно откри дека ќе ги напушти уште еден фудбалер (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ријад Марез во една емисија на „Скај Спортс“ случајно откри дека неговиот соиграч Фернандињо на лето ќе го напушти Манчестер сити.

Два фудбалери на „граѓаните“ учествуваа во квизот, а едно од прашањата беше „Кој фудбалер на Сити најави дека по завршување на договорот ќе го напушти клубот?“.

Алжирецот одговори Давид Силва, но го спомена и Фернандињо по што Бразилецот стави рака на уста и почна да се смее.

Откако навивачите го видоа ова видео, некои од нив почнаа да паничат затоа што се плашат дека на крајот на сезоната ќе загубат двајца одлични фудбалери.

Фернандињо во Сити стигна во 2013 година од Шахтер за 40 милиони евра и досега одигра 292 меча и постигна 23 гола.