Паника во Мадрид: Се повреди важен фудбалер на Реал пред „Ел Класико“


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Реал Мадрид и Барселона имаат сериозни проблеми со повреди пред дербито во шпанската Ла Лига, а последниот удар го добија „кралевите“, откако им се повреди Едуардо Камавинга.

Камавинга вчера порано го заврши тренингот, а медицинските прегледи покажаа дека се здобил со повреда на десната нога.

Докторите денеска ќе се обидат со дополнителни тестови да утврдат дали Камавинга ќе може да одигра барем дел од натпреварот.

„Ел Класико“ се игра в сабота од 16.15 часот.