Паника во Париз: Голема ѕвезда одби продолжување на соработката


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ го напушти ПСЖ, а се чини дека по неговите стапки може да тргне и Единсон Кавани.

Уругвајскиот напаѓач веќе одамна е незадоволен во Париз, и сака нов предизвик.

Поранешниот фудбалер на Наполи одби продолжување на соработката со францускиот шампион, и така само ги охрабри гласините за премин во редовите на Јувентус.

Не треба да се заборави дека Кавани е поврзуван и со премин во Арсенал, како и Ливерпул и Манчестер Сити.