„Панини“ по пола век нема да има сликички со фудбалери!

УЕФА реши да ја прекине соработката со познатата италијанска компанија „Панини“, која произведуваше сликички за Европското првенство (ЕП) од 1977 година.

Европската куќа на фудбалот реши да ѝ го додели правото за изработка на сликички на американската компанија „Топс“.

Деталите од договорот сè уште не се познати, но сигурно е дека албумот за ЕП 2024 година нема да биде направен од „Панини“.

„Европското првенство е најголемото и најпрестижното фудбалско натпреварување во Европа“, кажа менаџерот на американскиот производител на сликички.

„Панини“ го издаде првиот албум со сликички во продажба пред Мундијалот во Италија во 1970 година, а ќе остане и производител на албумот за Светското првенство (СП) кое ќе се одржи во Катар.