Паратичи го одбра најдоброто засилување на Јувентус кое било донесено досега: „Ќе обележи една нова ера“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поради тоа што денес Јувентус е меѓу најдобрите европски и светски клубови голема заслуга има Фабио Паратичи. Човекот кој со своите одлични преговарачки способности во Торино доведе многу звучни имиња.

Паратичи успеа да го заврши доведувањето на Кристијано Роналдо, но одличниот Португалец овој фудбалски работник не го смета како свое најголемо постигнување.

Спортскиот директор на Бјанконерите за најдобро засилување на Јувентус го одбра Матијас Де Лигт, 20-годишниот стопер кој летово за 85 милиони евра пристигна од Ајакс.

„Најдобрата инвестиција која некогаш сме ја направиле. Се смеам кога ќе слушнам дека некој се сомнева во него. Отсекогаш сум бил сигурен во неговите квалитети“, рече Паратичи.

„Неговите соиграчи ми рекоа дека е феноменален. Зошто: Бидејќи има 20 години, игра стопер во еден огромен тим. Тоа е лудост. Поради повредата на Киелини тој веднаш влезе во игра. Тој ќе ја обележи оваа ера и ќе биде најдобар дефанзивец во наредните 10 години“, рече Паратичи.

Де Лигт после тешкиот почеток постепено почнува да се адаптира на италијанскиот фудбал. Со почетокот на седмицата France Football го прогласи за најдобар млад играч во 2019. година.