Парите му беа послатки: Вестбрук реши да остане во Лејкерс

Расел Вестбрук реши да остане во Лос Анџелес лејкерс откако ја искористи клаузулата која ја имаше во договорот, па така ја продолжи соработката на уште една година и ќе добие 47,1 милион долари.

Најкорисниот кошаркар во НБА-лигата за 2017 година не се прилагоди во Лос Анџелес во тимот на Ентони Дејвис и Леброн Џејмс.

Вестбрук досега играше за четири различни тимови во претходните четири сезони, и тоа за Оклахома сити тандер, Хјустон рокетс, Вашингтон визардс и на крајот Лејкерс.

Американецот минатата сезона настапи на 78 меча, при што 33-годишниот кошаркар во просек постигнуваше по 18,5 поени по меч, 7,4 скокови и 7,1 асистенција, што е помалку од неговите најдобри денови.