Парите пресудија: Алаба во Реал Мадрид добил повеќе отколку што му нудел Баерн Минхен


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Давид Алаба вчера потпиша договор со Реал Мадрид и по 13 години го напушти Баерн Минхен, кој долго време се обидуваше да му го продолжи договорот.

Менаџерот на Алаба, Пини Захави не прифати ниту една понуда од Баварците, а германските медиуми тврдеа дека бара и до 25 милиони евра без данок.

Сега се појави информација дека Баерн на својот поранешен играч му нудел сум од осум милиони евра по сезона, а Алаба не се согласи на тоа и се пресели во Мадрид, каде што ќе добие 12 милиони евра по сезона и потпиша петгодишен договор.

Поради шпанскиот тим Алаба одби уште неколку заинтересирани екипи меѓу кои Барселона и ПСЖ.