Парма останува без Жервињо


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Интернационалецот од Брегот на слоновата коска ја повреди задната ложа и се чини дека повторно го чека пауза.

Се работи за фудбалер кој беше доста добар на стартот од оваа сезона, бидејќи на 13 настапи постигна пет голови и три асистенции.

За Парма ова сигурно ќе биде голем удар, но се надеваат дека повредата не е сериозна и дека овој фудбалер што побрзо ќе се врати на терен.

Инаку, во овој клуб веќе од порано се повредени Алберто Граси, Роберто Инглесе и Јан Карамоа.

Парма моментално се наоѓа на 8. позиција во Серија А со 17 освоени бодови после 12 одиграни натпревари. После репрезентативната пауза ги очекува средба против Болоња.