Партнерот на Сабаленка се самоубил, тенисерката не се откажува од турнирот во Мајами (Видео)


Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Белоруската тенисерка Арина Сабаленка се појави на тренинг на терените во Мајами, и тоа неколку часа откако нејзиното момче Константин Колцов изврши самоубиство.

Сабаленка реши да настапи на турнирот во Мајами, иако досега не испрати порака во јавност по трагедијата.

Тенисерката се појави во црна комбинација на теренот, а првиот меч ќе го игра против Паула Бадоса.