Паспаљ заврши во болница поради проблеми со срцето


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарската легенда Жарко Паспаљ заврши во болница и бил опериран по проблемите со срцето, а сега се наоѓа надвор од животна опасност.

Српските медиуми пишуваат дека поранешниот кошаркар на Партизан требало да биде гостин на една свеченост, меѓутоа во саботата завршил во болница поради аритмија.

Операцијата врз Паспаљ била извршена во текот на вчерашниот ден, а тој во следните денови ќе остане на интензивна нега и ќе се следи неговата состојба.

Паспаљ со Југославија беше светски шампион во 1990 година, а освои и три европски титули во 1989, 1991 и 1995 година.

Легендарниот кошаркар и во 2001 година имаше проблеми со срцето, додека во 2017 година доживеа мозочен удар.