Павар само што дојде, а веднаш ги воодушеви навивачите на Интер (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот фудбалер Бенџамин Павар беше претставен како најскапо летно засилување на Интер, кој плати 30 милиони евра.

Павар веднаш испрати порака до навивачите и кажа дека негова амбиција е да освојува трофеи со Интер.

„Интер е победнички тим, погледнете ги пехарите кои ги имаат зад нив. Играм фудбал за да победувам и затоа дојдов во интер. Научив многу во Баерн, но моја најголема цел во Интер е да го освојам Скудетото. Сакам да видиме втора ѕвезда на грбот на Интер“, кажа Павар.