Павлов го победи актуелниот светски шампион и се наоѓа пред голем успех во Москва


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот каратист Емил Павлов се наоѓа пред историски успех, откако успеа да го победи актуелниот светски шампион Анџело Гресенцо и да се пласира во финалето на Премиерлигата, која се одржува во Москва.

Македонецот успеа да запише неколку победи по ред во категоријата до 60 килограми, а негови „жртви“ беа Даглас Бросе, Анџело Гресенцо, како и уште неколку борци.

Павлов во финалето, кое ќе се одржи во недела, ќе се пресмета со Турчинот Ерај Самдан.