Павловиќ мета на Англичаните, Милан бара 45 милиони евра


Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Ако нешто можете да очекувате од Страхиња Павловиќ, тогаш тоа е борба за секоја топка. Како таков, многумина ќе речат дека едноставно припаѓа на Премиер лигата, а токму еден клуб од тоа натпреварување е подготвен да го доведе некогашниот стопер на Партизан.

Страхиња Павловиќ е на мета на Кристал Палас, според англиските медиуми, и нудат 30.000.000 евра за неговите услуги.

Од друга страна, Милан сериозно смета на српскиот репрезентативец и го цени на цели 45.000.000 евра, па засега сè е далеку од договор.

Кристал Палас бара стопер кој би можел да го замени Марк Геија кој е на мета на Тотенхем и Челси во овој преоден рок.

Милан има долгогодишен договор со Павловиќ кој ќе трае уште три години и јасно е дека може да поставува услови кои му одговараат на клубот.

Фото: Принтскрин