Педро ја напушта Англија?


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Педро Родригез најверојатно ќе го напушти Челси.

Имено, тој ќе стане слободен на 30. јуни, така што соработката нема да биде продолжена. Тој наскоро ќе донесе одлука и се поврзува со клубови од Италија и Шпанија.

“Поради коронавирусот, не разговарав со челниците на клубот. Знам дека имам договор до 30. јуни. Затоа, треба да седнеме и да видиме што понатаму. Отворен сум за други понуди, но мојот приоритет е да го довршам договорот со Челси”, рече 33-годишниот офанзивен играч.

Во овој момент, Педро се чини дека е најблизу до Бетис.

Бетис би можел да ја донесе поранешната sвезда на Барселона бесплатно со оглед на тоа што Педро сè уште не го продолжил договорот со Челси, а веќе се остварени контакти меѓу двете страни.

„Доаѓањето на играчи како Педро би бил голем чекор кон постигнување на целите“, велат шпанските медиуми.

Ако Бетис сака навистина да го доведе Педро, ќе мора да биде подготвен за жестока конкуренција, затоа што и Рома е заинтересирана да го доведе.