Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После Ерик Даер, стигнува уште едно големо појачување во средината.
Пред месец дена беше шампион со Португалија, дали до крајот на неделата ќе е нов фудбалер на Тотенхем?
Во таква насока би требало да оди кариерата на Андријан Силва, кој минатиот месец беше еден од џокерите на селекторот Фернандо Сантос, а сега потписот со тимот од Лондон би дошол како награда за големиот труд во Спортинг.
Додека во петок попладне францускиот Л`Екип прв објави дека постои големо интересирање од Тотенхем, потргуалскиот O Жого денес тврди дека преговорите се во напредна фаза и дека постои устен договор од двете страни. Поточно, само уште ситни детали го делат Силва до потпис за новиот клуб.
Тимот на Жорж Жесус може да заработи на трансфер на 22-годишниот универзалец во срцето на средниот ред околу 20 милиони евра. Плус одредени бонуси. Но, тоа се зависи од тоа како ќе изгледа конечниот договор, на хартија.
Силва има договор до јуни 2020 година, што значи дека Спортинг треба добро да заработи, а за финансиските детали на договорот допрва ќе се зборува.
Интересно, на Тотенхем ова може да биде второ купување од Спортинг во последните две години.
Полн погодок Маурисио Покетино направи со ангажирањето на Ерик Дајер за само 5 милиони евра, поради тоа што денеска англискиот репрезентативец е од витално значење за лондонскиот тим.
А Адријан Силва може да биде следна голема зделка, но со одредена корекција во средниот ред, поради големата гужва.