Пеле: Марадона се смее на небото, Меси го заслужи овој трофеј!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Лионел Меси конечно го прекина постот и го освои трофејот на Светското првенство (СП) во Катар со победата на пенали против Франција.

Честитки до Меси и неговите сонародници пристигнаа и од легендарниот бразилски фудбалер Пеле.

„Ѝ честитам на Аргентина. Марадона сигурно се смее на небото. Денеска фудбалот продолжи да ја раскажува својата приказна на возбудлив начин. Меси го освои своето прво Светско првенство, кое дефинитивно го заслужи.

Пеле му честиташе и на младиот напаѓач Килијан Мбапе кој го заврши турнирот со осум гола од кои три паднаа против Аргентина.