Пеле со емотивна порака се збогуваше од Роси: Рајот е полн со фудбалски ѕвезди.. 📷


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот фудбалер Паоло Роси почина и тоа растажи многу фанови на фудбалот, но и легендарниот бразилски голгетер Пеле.

Легендарниот бразилски фудбалер Пеле се збогуваше на Инстаграм од човекот кој со Италија ја освои титулата на Светското првенство во 1982 година.

„За жал, последните денови рајот е полн со ѕвезди. Слушнав дека татко ти те водел во Фиренца да гледате еден од моите пријателски натпревари. си имал само 10 години. Каква чест. Ти благодарам на пријателството Паоло. Нека те пречека Бог со раширени раце…“, напиша Пеле.