Пелистер на колена: Вардар ја освои Битола и направи чекор кон титулата


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Поранешниот европски шампион Вардар славеше со 27-22 на гостувањето во Битола кај Пелистер, а оваа победа ги носи чекор поблиску до титулата во македонскиот ракометен шампионат.

Првото полувреме понуди возбудлива игра, а Пелистер имаше предност од 11-8 во еден момент, а битолчани на паузата заминаа со 12-11.

Вардар заигра подобро во второто полувреме и ги користеше грешките на Пелистер за на крајот да слави со 27-22.

Јака Малус постигна осум голови за Вардар, додека голманот Милош Валах запиша 10 одбрани.