Пелистер најави спектакл: По 18 години се враќа титулата во Битола


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пелистер стана нов македонски ракометен шампион, по киксот на Вардар против Тиквеш во минатото коло на Суперлигата.

Битолчани в сабота ќе играат против Тиквеш од 18 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, а билетите за натпреварот ќе се продаваат од 26 мај.

„Во билетот, по цена од 250 денари, ќе биде вклучена и зелена шампионска маичка, која ќе ја добиете при купувањето на секој билет. Ве молиме да ја понесете со себе и да ја „обоиме“ спортската сала во зелено за време на натпреварот.

Носителите на сезонски билети на посебен пункт пред салата од петок 15:00 часот бесплатно ќе може да ја подигнат шампионската маичка.

Ве молиме в сабота попладне најдоцна до 17:30 часот да ги заземете своето место во спортската сала „Боро Чурлевски“.

По завршувањето на натпреварот, од 20:00 часот на плоштадот Магнолија во Битола ќе започне централната прослава за сите битолчани, во кој е е предвидена богата забавна, музичка и спортска програма. Деталите околу ракометниот хепенинг ќе бидат објавени на денот на натпреварот.

Почитувани, после 18 години шампионската титула во ракомет се враќа во Битола. Тоа претставува голем повод за славење. По тој повод РК Еурофарм Пелистер ги повикува своите пријатели, симпатизери, навивачи, Чкембари и сите искрени наши подржувачи, в сабота заеднички да ја прославиме шампионската титула за сезоната 2022/23“, велат од клубот.