Пелистер се раздели со седум ракометари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот шампион Пелистер се збогува со седум ракометари на церемонијата посветена на акционерите, спонзорите и пријателите на клубот со која беше завршена сезоната.

Клубот ги анализираше постигнатите успеси, а притоа зборуваа претседателот Зоран Стерјев, спортскиот директор Звонко Шундовски, тренерот Бранислав Ангеловски и капитенот Филип Кузмановски.

Од наредната сезона во Битола нема да биде досегашното голманско трио. Заминуваат сите тројца голмани, односно Урбан Лесјак, Калифа Гедбан и Марко Кизиќ.

Заедно со голманите си заминуваат и бековите, Марио Танкоски и Руди Сери, а повеќе во Битола нема да играат ниту Денис Васиљев и Матеу Пиеховски.