Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Македонскиот ракометен шампион Пелистер соопшти дека во екипата се враќа десниот бек од Тунис, Усама Хосни.
Хосни помина една сезона во Кувајт, по што реши да се врати во Македонија каде што повторно ќе го носи дресот на битолчани.
„Ни претставува особено задоволство да најавиме едно големо враќање. По само една сезона пауза, тунискиот репрезентативец Усама Хосни повторно ќе го носи дресот на Пелистер. 31-годишниот десен бек потпиша договор на една сезона и наскоро го очекуваме во Битола. Хосни го носеше дресот на Ал-Араби во сезоната 2023/24, откако со нашиот клуб ја освои титулата сезона претходно. Освен во Македонија и Кувајт, Хосни настапуваше во својата земја, во Франција и Катар. Претставувањето на Хосни во Битола е предвидено на стартот на подготовките, на крајот од месец јули“, соопшти Пелистер.