Пелистер славеше во Битола, но Вардар останува лидер!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вардар загуби на гостувањето кај најголемиот ривал Пелистер со 25-29, но и покрај тоа остана на првото место на табелата.

Скопскиот гигант беше пред убедлив пораз, откако неколку пати губеше со девет голови разлика, меѓутоа Вардар во завршницата од мечот во Битола блесна и преку Ѓуќиќ обезбеди пристоен пораз.

Доколку двете екипи слават на останатите шест натпревари во регуларниот дел од сезоната, тогаш Вардар ќе пренесе три бода во плејофот.

Најдобри стрелци кај Пелистер беа Тајник и Костески со по пет голови, додека Родригез, Лазаревски и Срдановиќ блеснаа за Вардар.