Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Во средата беше одигран мечот од 10. коло во Серија А во кој Јувентус со многу мака успеа да ја совлада Џенова со 2-1.
Џенова и покрај фактот дека играше со фудбалер помалку од 51. минута, сепак ги чуваше 1-1 на гостински терен до финишот.
А потоа во петтата минута од судиското надополнување Кристијано Роналдо падна во казнениот простор при мал контакт со противнички фудбалер, а судијата покажа пенал, по што ВАР-собата ја потврди неговата одлука.
Џенова се жалеше и на црвениот картон, но посебно многу реакции предизвика пеналот, за кој многумина сметаат дека не требало да биде досуден.
Ниту неколку дена подоцна „бурата“ не прекинува, а сега на социјалните мрежи се појави и дополнителна забавена снимка од дуелот на Роналдо и Санабрија.
— Stefan (@StefanDaskalov) November 1, 2019