Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Голем е бројот на фудбалери кои ќе го напуштат Манчестер Сити на крајот на оваа сезона.
Се поставува и прашањето за Пеп Гвардиола, иако не на начин како што се поставуваше во претходните сезони, и самиот изјави дека најверојатно ќе остане и следната сезона се до истекот на неговиот договор до 2027 година.
Кој заминува?
Бернардо Силва и Џон Стоунс веќе го најавија заминувањето, нивниот договор истекува на крајот на сезоната, а дефинитивно нема да се врати ни Аканџи кој останува во Интер за 15 милиони евра, колку што беше откупната клаузула.
По нив тројцата, следниот кој е веројатен за заминување е Џејмс Трафорд, голманот кој е резерва на Донарума и кој заслужува да брани, донекаде се чувствуваше и изневерен поради доаѓањето на голманот од Пари Сен Жермен. Астон Вила, Њукасл и Тотенхем се заинтересирани.
Натан Аке е следен, тој има договор до 2027 година, но Сити бара да го монетизира и Барселона е еден од заинтересираните клубови.
Отворени се вратите и за Матео Ковачиќ, тој е слободен да бара нов клуб бидејќи е подложен на повреди и Манчестер Сити ќе го продаде, а истата приказна е и со Рејндерс, се бара нов играч на истата позиција и речиси сигурно ќе дојде до нова продажба.
Калвин Филипс е играч кој не го сакаат на „Етихад“, веројатно многумина ќе кажат дека е едно од најслабите засилувања во оваа нова ера на клубот.
















