Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Баерн Минхен вчера го освои трофејот на клупското Светско првенство и тоа беше шести трофеј на Баварците во последните осум месеци.
Баерн успеа да направи нешто што претходно ѝ успеало само на Барселона, а тоа е да се освојат шест трофеи за помалку од една година.
Претходно, Баерн предводен од тренерот Ханси Флик ги освои Бундеслигата, Лигата на шампиони, Купот на Германија, како и германскиот и европскиот Суперкуп.
Пеп Гвардиола, кој ги предводеше Баварците од 2013 до 2016 година му честиташе на Баерн за успехот, а испрати и интерсна честитка.
„Му честитам на Баерн Минхен, а најмногу на Флик. Горд сум на нив. Но би сакал да му кажам на Ханси дека Баерн е втора екипа која освои шест трофеи во една година. Барселона тоа го направи пред вас. Би можел да му се јавам на Меси и да сметаме на седми трофеј. Ви само кажете кога и ќе дојдеме“, се пошегува тренерот на Манчестер сити.
#MiaSanMia ❤️ @PepTeam pic.twitter.com/Qd071AqQTb
— 🏆🏆🏆 FC Bayern 🏆🏆🏆 (@FCBayern) February 11, 2021