Пеп Гвардиола: Ако морам да одам во војна, знам кој би го земал со мене


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пеп Гвардиола го карактеризираше Артуро Видал како прав воин и навистина се гледа дека го обожава.

Има многу играчи кои ги тренираше Гвардиола, но еден му е посебно драг поради својата борбеност на теренот.

„Ако морам да одам во војна, дефинитивно би го земал Артуро со мене. Имам многу добри сеќавања од него од Баерн. Можете да го ударате во градите, а ако треба тој ќе го намести и образот“, рече Гвардиола.

„Тогаш во Баерн ни даде работи кои ние во играта ги немавме“, додаде Пеп.

Зборовите на тренерот кој беше повеќекратен шампион со Барселона се слични на оние кои претходно ги изговорија Антонио Конте и Џанлуиџи Буфон кои исто така сметаат дека Видал е „воин“.

32-годишниот Чилеанец моментално игра во Барселона, а претходно Пеп го тренираше во Баерн, каде што пристигна од Јувентус.

Сега се поврзува со Интер.