Пеп Гвардиола чудно го гледаше новинарот, а потоа му постави едно прашање


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Овој викенд, Манчестер Сити го очекува дуелот од шеснаесеттина финалето на ФА купот против понизоколигашот Салфорд, каде Граѓаните се огромни фаворити.

Ова е прилика за Пеп Гвардиола малку да го измеша тимот, но и за Граѓаните да останат во трката за сите трофеи во сегашнава сезона.

Во Лигата на шампионите се во нокаут фазата, во финалето на Лига купот се, а во Премиершипот се зад Арсенал со четири бода заостанување.

Пеп Гвардиола може да биде и тоа како задоволен ако ја земеме предвид минатата сезона.

Сити повторно личи на оној стар, а трофеите се главна цел во месец мај кога завршува сезоната.

На прес-конференцијата пред дуелот против Салфорд, Пеп Гвардиола имаше мало шоу.

Прво чудно го гледаше новинарот, а потоа Гвардиола постави прашање.

“Сакаш ли да бидеш мој помошник? Одличен си!”, му кажа Гвардиола на новинарот и предизвика насмевка кај присутните.