Пеп Гвардиола до крајот на неделата заминува од Манчестер Сити?!


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Неверојатни тврдења пристигнуваат од Англија, и тоа не од било кој, туку од многу познатиот новинар Ричард Киз, кој тврди дека Гвардиола до крајот на неделата би можел да го напушти Манчестер Сити, сите поради поразот од Манчестер Јунајтед.

Тимот на Гвардиола беше поразен со 2:0 на гостувањето кај Манчестер Јунајтед, а головите за победата на оваа екипа ги постигнаа Мбеумо и Доргу.

Тоа беше идеален старт за Мајкл Керик на клупата на Манчестер Јунајтед, додека за Пеп Гвардиола беше голем удар во борбата за првото место.

Сити оваа сезона го претрпе петтиот пораз во Премиерлигата и сè уште нема победа во лигата во 2026 година.

Гвардиола реши да признае дека Манчестер Јунајтед беше подобар тим, и дека неговите играчи не покажаа многу на овој натпревар.

Манчестер Сити сега по 22 одиграни натпревари во Премиерлигата има седум бода помалку од лидерот, тимот на Арсенал.

На Гвардиола никогаш не му се случило да има две врзани сезони без освојување на титулата во целата менаџерска кариера.

Според тврдењата на Киз, тоа нема да се случи, иако првите тврдења зборуваа дека Гвардиола ќе го напушти Манчестер Сити дури на крајот од сезоната.

„Не го исклучувам тоа дека Пеп Гвардиола ќе замине до крајот на неделата, постојат индиции и ако се случи тоа, Енцо Мареска веднаш би го заменил својот поранешен ментор за натпреварот против Вулверхемптон”, се тврдењата на Киз.